Чекај малку, јас те родив тебе, не ти мене – мајка која ги освести родителите

Ги гледам младите родители во парковите. И жал ми е за нив. Гледам дека се плашат, дека се фрустрирани, не можат да го совладаат своето четиригодишно дете. Трчаат по нив со храна во паркот и ги ранат во трчање, бидејќи „тоа само така сака да јаде”. Се вртат околу нив за да ги спречат да паднат. Остави го нека падне!

Се сеќавате ли на времето кога постарите луѓе беа авторитет? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие цврсто утврдени граници. Беше доволен погледот на мојот татко на масата за да ми биде јасно дека треба да ја изедам супата или дека не се зборува со полна уста.

Наставниците се почитуваа со станување во училницата, со громогласен поздрав: Добар ден, со напишано домашно и уреден училишен мантил. Родителите беа ред и закон. Ги слушавме и бабите и дедовците, бидејќи тоа се очекуваше од нас, и тоа не беше проблем за никого.

Ако не си добар во училиште, едноставно си се зезнал, нема што да се зборува. Нема излегување, нема велосипед, нема џепарлак, имате среќа ако не добиете „ќотек“ од родителот. Зборот на родителот е последен.

Се знаеше линијата за сè, и ние израснавме со неа како цврсто поставена граница која не се преминува. Не сакаш грашок за ручек? Ќе го јадеш за вечера. Не го сакаш ни за вечера? Те чека на појадок. Тогаш ќе сфатиш што се мора е тешко, и ќе го изедеш уште за ручек.

Што има благо? Има јаболка. Нешто послатко? Јаболка со шеќер, јади шеќер, не знам … има уште пет дена до плата, тогаш тоа ќе има сладолед.

Наградите за одличен успех во училиште и добро поведение беа многу скромни и бевме бескрајно воодушевени од нив. За одличниот успех од моите родители секогаш добивав нешто посебно. Се сеќавам на првиот вокмен.

Учев со тој вокмен и дење и ноќе, пишував песни, поправав оценки, само за да можам да ги слушам Блонди и Депеш Мод во зелените старки што ги добив минатата година за одличниот успех. Старките беа најдоброто што можевте да го носите од чевли ако имавте некој во Америка, ако не ќе добиевте некои патики кои ќе ги носите дури не се искинат.

Не можам да дознаам што се сменило во меѓувреме со одгледувањето и воспитувањето на децата. Децата денес имаат толку многу, и не се особено среќни за ништо. Мрзеливоста се третира како „таков е што да му правам”. Што се случи со криенка, ластик, нардона? Се случи интернетот.

Парковите и дворовите ги заменаа социјалните мрежи. Преку ноќ. Подмолно. Ние го прифативме тоа. Се придруживме кон овој вид дружење на кое му треба само компјутер и електрична енергија. Децата се дружат онлајн. Внатре.

Како родител, го следев старомодниот рецепт на моите родители, како децата да не ти го изедат мозокот или да останеш нормален, авторитетен и да имаш неограничена слобода на движење.

Се чини дека станува тренд во кој границите не постојат или родителите не можат да ги постават и одржат стабилни. Тоа во основа се променило, децата се третираат како да се од морска пена.

Мојот не јаде спанаќ, мојот не јаде компири, а мојот пак не спие до полноќ … Што не спие, па толку убаво енапишано во книгата на д-р Спок: Ставете го во кревет нахрането, преслечено и изгаснете го светлото. Водевет во кревет. Плаче, ми е гајле, и јас сум живо суштество. Каде се моите пет минути?

Јас ги родив, а не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење, играње и нема компромис. Тоа е така. Не е целта на родителството да му бидеш роб на детето, туку да го направиш чесно човечко суштество со стекнати здрави навики.

Да се ​​изгради здрава, разумна врска со детето, каде што секој знае дека меѓусебното почитување е најважно, како и конзистентноста на секое изговорено правило. Простете, ми кажа една млада жена, детето ви јаде земја.

– Знам, нека јаде ако му се допаѓа. Тоа е мало животно, ако не му се допаѓа, ќе ја плукне.

На овие спонтани, заеднички собири во парковите не добив многу внимание. За многу од нив, бев чудна. И јас го разбирам тоа. Не зборував додека не добиев прашање. Ваше дете, ваша грижа.

Жал ми е да те слушнам колку грешиш, жено. Грешиш затоа што си го пуштила да се фрла на бетон и да те шутира, бидејќи не го добил дваесет и петтото лижавче, грешиш затоа што си лишена од сон, бидејќи тоа не спие до еден часот навечер. Грешиш што му купуваш лижавчиња за да биде добар кон тебе и кон другите. Грешиш што постојано му ги бришеш рацете со влажно марамче.

Грешиш, бидејќи го учиш дека секое куче ќе го касне и секоја мачка ќе го изгреба. Грешиш што е во пелени со цуцла, а има четири и пол години и забите му се црни кариес. Грешиш бидејќи не го пушташ да се лизга и да падне, па да плаче.

Жал ми е, жено. Жал ми е, затоа што знам во што ќе се претвориш. Во она што никој не го сака. Дури ни тоа дете.

Извор: Женски Магазин

Loading...