„Бев со милионери“ – Станија конечно ја призна вистината и откри што барале од нејзе

0

Станија Добројевиќ јавно призна дека била во врска со момчиња кои имале многу пари,но истите имале барања на кои не се согласила. Имено Станија беше гостинка во „Магазин Ин“ кај Сања Маринковиќ, каде што порача:

„Да, имав момчиња кои ме сакаа и имаа милиони, но од мене бараа да молчам и трепкам. Тука беше проблемот. Кога сакам нешто да кажам, нешто да работам, тој кажува „Не треба ти да работиш, ти треба да молчиш и трепкаш“, изјави Станија.

Добројевиќ објасни дека таа на тоа не се согласила бидејќи смета дека таквите врска се краткорочни, односно дека неретко се случува жената сама да си обезбеди иднина.

„А што следи потоа? Некое време да молчам и уживам во милионите, а кога за некои 10 години ќе дојде некоја млада и убава, тој ќе ве исфрли и ќе останам на улица со децата“ изјави старлетата.

Претходна статијаАвионите на готовност за спасување – цел ноќ беснее голем шумски пожар во Пресека
Следна статија„Сега ќе можам да заработам некој денар“, Јован кого сите го напуштија, по 8 години доби струја, магаре, а наскоро и нова куќа