Ако не можете да најдете работа, изговарајте ја оваа молитва

0

Ако сте во потрага по работа, би можеле да ја кажете оваа кратка молитва:
Господе Исусе Христе, Спасителу мој Ти ги разбираш тешкотиите и проблемите кои ги имам затоа што сум невработен.

Помогни ми да најдам работа која ќе ми одговара за да можам достоинствено да живеам. Подготвен сум да прифатам било каква работа, која Ти ќе ја пронајдеш за мене.

Ослободи ме од гордост, мрзеливост и страв, дај ми храброст, сила и добра волја, да ја работам работата која ти ќе ја подготвиш за мене. Ти благодарам Исусе, Сине Божји Темата врзана за финансиите и работата, честопати ни задава грижи, па затоа ова прашање зазема многу важно место во нашиот секојдневен живот.

Стресот околу тоа дека нема да заработиме доволно пари колку што ни се потребни, страв од губиток на работата, завист кога ќе видиме туѓи успеси (а знаеме дека од нив работиме многу повеќе), не’ исцрпува и физички и психички.

Понекогаш едноставно посакуваме да се откажеме и да работиме нешто друго. Без разлика на тоа колку мизерно се чувствувате во тој момент на своето работно место или сте невработени и барате работа, секогаш треба да се земат работите во свои раце.

Кога ќе бидете вознемирени и ќе се чувствувате депресивно, помислете на Бог и побарајте благослов од него.

МОЛИТВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Мил Боже,

Ти ги знаеш моите потреби. Знаеш дека би сакал да имам работа во која би уживал работејќи. Ја знаеш мојата желба за идниот чекор во мојата кариера. Те молам да ме водиш во мојата потрага по работа. Те молам дај ми сили Твоите планови да ги ставам пред моите.

Отвори ја вратата на новите можности кои ги имаш за мене и оплемени ме со нови вештини, знаења и мудрости кои ќе ми бидат потребни додека чекорам напред и одам на разговори за работа, дај ми ги првите зборови и храброст за да ги објаснам своите способности.

Дај ми самодоверба која само Ти можеш да ми ја дадеш. Верувам во Тебе Боже, мојот живот е во Твоите раце. Ќе ми помогнеш. Ти благодарам што секогаш се грижиш за мене. Слава ти Боже!

Амин.

Претходна статијаПотресна исповед на Панчо од ДНК за неговата мајка: „Се би дал да можам уште еднаш да ја гушнам!”
Следна статијаРаботата ептен забега: Поради прикажување на “Ругање со Христос” уште утре на суд