А кој не би сакал да го види: Луксузниот дом на Конор Мек Грегор (ФОТО)

0

Конор Мек Грегор не уживал секогаш во ваков луксуз. Имено, тој во 2006 на 17 години, Конор Мекгрегор се вработува како чирак водоводџија. Во 2007 ја има првата аматерска ММА борба. Во 2013 пред првата борба за УФЦ тој го подига месечниот чек од социјално.

Во март 2008 Мекгрегор ја има својата прва професионална ММА борба, во која победува со нокаут. Истата оваа година тој запознава неговата девојка Ди Девлин, за која во повеќе наврати повторува дека била клучната личност во најтешките моменти во животот.

Таа го тера да продолжи со вежбање и натпревари кога има најмалку желба и самодоверба. Во април 2013, пред првата борба за УФЦ, Мекгрегор го подигнува својот месечен чек од социјално на износ од 235 долари. На 12 ноември 2016 тој победи во борбата со Алварез.

Веќе му оди одлично на финансиски план, а тоа го докажа со купување на луксузна вила во шпанска Марбеља, чија вредност се проценува на околу 1,5 милиони евра. Луксузната вила на југот на Шпанија се наоѓа во комплексот “The Heights”, а освен теретана, содржи голем надворешен базен, вински подрум, но и влезна капија осветлена со LED. До базенот 30-годишниот Ирец може да се спушти директно од спалната соба, која гледа на брегот.

Домот на брегот се наоѓа во рамките на “country gold” клубот “Ла Ресина”, а Ирецот не е единствена ѕвезда која се поврзува со тој имот. Хери Винкс, младата ѕвезда на Тотенхем, и Томас Соренсен, стоперот на Стоук Сити, исто така имаат имоти таму. Сепак, тој се гордее и со своето родно село Силди, кое се наоѓа на врв планина и родната куќа во која има метални кревети и пластични столчиња.

Претходна статијаРисте Ристески одлучи да ги спакува куферите и да си замине од родниот Охрид (ВИДЕО)
Следна статијаИсповед на дадилка: Не прифаќам да чувам заспано дете, бидејќи еднаш, една баба на своето внуче нешто му имаше дадено