До редакцијата на Галама од наш верен читател ни пристигна кратко, но доста интересно писмо кое во целост ви го пренесуваме.
„Се решавам да ви ја споделам мојата животна приказна и на тој начин мислам дека ќе ми олесни малку, а притоа верувам дека некого и ќе му помогне. Завршив на Правниот факултет во Скопје и тоа во предвидениот рок. Се запишав на пост дипломски и тоа исто така го комплетирав. Се помина во најдобар ред. Но за дипломата верувале или не, чекав три години, ете така. Добро прочитавте да, три години.
Талкав цели три години, период за кој во Скопје работев се и сешто, од продавач, преку келнер, па дури и градежен работник. Се со единствена цел да обезбедам егзистенција. Но еве, сега сум 24 години и морав да направам конкретен чекор, а тој за сите млади Македонци е јасен – иселување.
Долго се мислев, разгледував понуди од агенциите кои нудат работа во Германија и Малта, најдов нешто привлечно како за почеток, но тука се случи друг момент. Преку мој познаник дознав за работа во соседна Бугарија. Плата одлична незамислива за наши услови, притоа блиску до дома, а и трошоците за живот во Софиjа не се големи.
За крај и ова вреди да го споменам. Работам во канцеларија, зимо на топло, лето под клима. Притоа и мојот факултет и образование се цени овде. За да се замине во Европа не мора да се патува далеку, ете во соседството е, на само два-три часа од дома.