Во групата Ѕид на собраќајниот срам ќе видите многу негативни ситуации, но сепак оваа ги заслужува сите аплаузи.
„Другар те поткачив малце во една од уличките позади Заводот за ментално здравје спроти Златна копачка.
Пиши ми што треба па ќе си подмирам“ со оваа порака млад дечко се обиде да го најде сопственикот на автомобилот кој го чукнал со цел да му ја надомести штетата
Секоја чест браво! Многу се ретки вакви појави, но вака е правилно и чесно, можеби утре вие ќе бидете во иста ситуација зошто да не го направите правилното.
Да се надеваме дека ова ќе стане пракса во нашата држава и со тоа сообраќајната култура ќе се крене на повисоко ниво.