Слаби снежни врнежи во моментов се регистрирани во Маврово. Слаб снег провејува и на Попова Шапка. АМСМ соопшти дека сообраќајот на сите патни правци се одвива по влажни коловози на места со остатоци од кашаст снег.
На патните правци, снег провејува на Стража.
Во овој момент нема забрани и ограничувања.
нег има во Маврово и во Битола 10, во Крушево и во Берово девет, во Тополчани шест и во Прилеп еден сантиметар.
Времето во Македонија утрово е облачно со повремен дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи нема на крајниот исток. Слаб променлив ветер има на повисоките места и во Демир Капија.
Температурата во 7 часот се движеше од минус два во Тополчани, нула во Прилеп и во Битола, еден во Пожаране, два во Крива Паланка, три во Тетово, четири во Струмица, Претор, Скопје, Штип и Лазарополе, пет во Демир Капија, шест во Охрид до седум степени во Гевгелија и Дојарн.
Преку денот времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд. Денеска во западните делови ќе има пообилни врнежи (локално над 40 л/м2), а утре пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.