Иако уште пред стартот на Лигата на нации беше објавено дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе им даде премии од 350 илјади евра на фудбалерите и стручниот штаб за прво место во Д-групата во Д-дивизијата од новоформираното натпреварување, куќата на фудбалот реши да пушти срце и дополнително да ги награди фудбалерите.
Фудбалската федерација на Македонија ќе подели премија од 500.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групата.
Македонската репрезентација го освои првото место во групата Д од Лига на нации и се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство. Македонија освои 15 бода во својата група во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Фудбалската федерација од групната фаза во Лигата на нации ќе инкасира 1,5 милиони евра од УЕФА, половина од тие се за самото учество, а другата половина се награда за првото место во групата.