Тодор Петров: Почнуваме со блокада на улици – режимот од Муртино мора да падне

0

На вечерашниот протест, од говорницата се обрати и Тодор Петров. Тој побара оставка од Владата и распуштање на Собранието. Како што додаде тој, оваа Влада е нелегитимна.

„Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим од Муртино мора да падне. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот“, истакна Петров.

Тој рече дека СМК поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.

„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието и амнестија за 27 април“, рече Петров.

Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.

Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.

Претходна статијаБетмен Велит: Химната во изведба на Дурловски треба да биде официјална верзија (ВИДЕО)
Следна статијаВрнежи од снег ќе има цела вечер: Еве каде се очекува да натрупа најмногу