Наместо во затворото Шутка, сега ужива во Будимпешта, ете тоа е суровата реалност за Никола Груевски. Додека медиумите како во Македонија, така и пошироко претпоставуваат како избегал од Македонија, екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер веројатно ужива во раскош и лускуз.
Изминатите денови се појавија многу верзии за тоа како избегал Никола. Почнувајќи од бугарска пасош, маскиран како жена, па преку Тирана, па преку Србија, па преку Црна Гора… многу приказни во кои може лесно да поверувате, но реалноста е сосема друга, многу веројатно.
Но во сите верзии кои што се напишани и пласирани во јавноста се споменува една иста работа. А тоа е дека главна логистика и помош за транспортот и бегството на Груевски била унгарската дипломатија.
Во сите верзии на медиумите се споменуват дипломати на Унгарија како и дипломатски автомобили на Унгарија кои учествувале во целата операција.
Па лесно може да се дојде до заклучок дека сето ова е планирано многу порано и дека штом највисоките државни органи на Унгарија на чело со Виктор Орбан се замешани во ова – значи само едно. Тоа е дека Груевски ја ужива поддршката од власта во Унгарија па скоро веројатно или слободно кажано, никакви се шансите Никола да биде вратен во Македонија.
Штом унгарската дипломатија организирал и реализирана, значи дека Груевски е сигурен и „веќе“ има обебзбедено азил.