Компанијата CPU Infotech од градот Цазин во Босна и Херцеговина која се бави со продажба на компјутерска опрема одлучи да го скрати работното време за еден час за да можат вработените да поминуваат повеќе време со своето семејство.
Дикреторот на компанијата, Џенан Капиќ вели дека примањата за шесте вработени остануваат исти, а придобивки од оваа одлука имаат сите.
“Ништо нема да се изгуби за тој еден час, работата ќе се заврши, а работниците ќе бидат повеќе мотивирани, бидејќи ќе имаат повеќе време за своето семејство.
Мислам дека ова е добар потег што позитивно ќе се одрази на нашата работа, а се надевам дека и другите работодавачи ќе го следат овој пример”, – вели Капиќ.
“Ова мене како жена и мајка многу ми значи. Имам дете од две години и сега ќе можам да поминам повеќе време со семејството“, вели Хана Первиз, вработена во CPU Infotech.
ИЗВОР: Vrabotuvanje.com