ТОЧНО НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА голем христијански празник – ова никако не смеете да го правите

0

Утре е Обновување на храмот на св. Георгиј во Лида.

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.

Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите.

Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Според народните верувања од денес до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.

Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.

Во овој период се верува дека ништо не се изнесува од дома, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат, а жените не работат домашни работи.

Претходна статијаКако ништо да не се случило: Откриено што прави секој ден Боркица Груевска
Следна статијаШешељ открива како избегал Груевски преку Србија во Унгарија и кој му помогнал