„Докторот ни ветуваше се и сешто, но останав и без татко и без пари“

0

До редакцијата на „Галама“ пристигна писмо од Миодраг Т. во кое тој емотивно зборува за тешките денови кои ги доживеал. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме.

„Не знам од каде би почнал, но од негде морам. Иако имам да пишувам многу, ќе се обидам да бидам краток и прецизен. Душава ме боли, многу размислував дали јавно да проговорам, но се решив сепак да расакажам.

По рутинска контрола, на мојот татко му беше констатирано некаков проблем на срцето. Ни беше кажано дека не е ништо страшно, но поради превенција, добро е да се направи хируршка интервенција.

Бевме препратени на приватна клиника каде што требаше да има подобри услови и како што не беше ветено, се требаше да помине во најнормален ред. Станувало збор за рутинска интервенција која чинела само 3000 евра.

Се согласивме, го однесовме мојот таткот. Ни беше кажано дека неколку дена ќе треба да помине во болница, на предоперативен третман. Еден ден поминат чинеше 600 евра. Го оставивме во добро расположени, полно со оптимизам и ведар дух.

Но вистински шок следеше веќе следниот ден, мојот татко го затековме во многу лоша состојба. Итно беше приклучен на дополнителни апарати и со поагресивна терапија. За само два-три дена падна во кома. Машина го одржуваше во живот, му беа дадени лекарства кои ги плативме и по 1000 евра. Но сето тоа бадијала.

По една седмица ни беше кажано дека пациентот нема да може да се извлче од оваа ситуација и да се подготвиме за тешки денови. Како „гром од ведро“ небо. Го однесовме ведар, насмеа, комуникативен, а тој не дочека ни операција, па ни јавуваат дека може да го подигнме за погреб.

Ете така, останав и без пари и без татко. Прашања многу, одговори никаде. Приватното здравство во Македонија да ти било бетр и од државното. Само гледаат како да ти ги зедат парите, на фин, но подмолен начин.

Претходна статијаГруевски најавил пред македонските медиуми дека ќе бега (видео)
Следна статијаПаднаа маските: Упадот во Собранието на 27 април бил планиран – се организирал еден месец