Аца Лукас призна дека завршил во полиција – причината 35.000 евра

0

Веста дека Аца Лукас е сослушан поради кражба на часовниците, Саша Поповиќ демантираше, но фолкерот пак вели нешто поинакво.

Саша Поповиќ истакна дека првпат слуша за нешто такво, и дека станува збор за ноторна лага и информација која има за цел да го наруши угледот на споменатиот пејач.

Сепак, Вуксановиќ сега потврди дека е сослушан во полиција поради часовникот кој вреди 35 илјади евра.

„Полицијата е тука за да ја работи својата работа. Јас го донесов својот часовник на увид и се беше чисто и регуларно. Дали Поповиќ пријавил –не знам, но тоа не е важно. Го разбирам, сепак тоа е голема вредност, па на човек се му паѓа на памет. Можеше и мене да ме праша, па јас ќе му го покажев часовоникот, но добро.

Во секој случај, не гледам сега нешто важно во тоа да се раскажува приказна која не постои. Мојот часовник е регуларен. Инаку, не купувам нешта од сомнително потекло. На Сале од се срце му посакувам да го пронајде својот часовник. Инаку, во Белград ваков модел имаат барем повеќе стотина луѓе. Среќно во понатамошната истрага, изјавува Лукас за „Ексклузивно“.

Претходна статијаЗа првпат по бегството на Груевски се огласија неговите адвокати
Следна статијаФОТО: Атрактивната Милена откри што носи и што ќе носи под фустанчињата