Дали навистина Никола Груевски е во Унгарија

0

Поранешниот премиер Никола Груевски по кого полицијата распиша потерница, попладнево по подолг период се огласи на својот профил на „Фејсбук“ каде што во минатото беше доста активен.

Груевски сам ја откри локацијата каде се наоѓа моментално и соопшти што планира да направи.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“.

Сепак на социјалните медиуми, но и во јавноста оваа информација голем број на граѓани ја примија со недоверба. Се сомневаат за тоа дали навистина Груевски е во Унгарија.

Од она што може да се сретне и слушне, се вели дека Груевски можеби намерно напишал дека е во Унгарија, а неговата моментална позиција се уште е непозната за јавноста.

Претходна статијаСефер Цаноски: Никола Груевски ќе биде испорачан како пакетче!
Следна статијаИ без пасош може да се напушти Македонија – пример и доказ за тоа е Груевски