Дарко Лазиќ и од болнички кревет ги изненади родителите кои сега се во уште поголем проблем

0

Родителите на Дарко Лазиќ се во тешка материјална ситуација дознава српски „Ало“. Тие на секој можен начин се обидуваат да дојдат до пари, па ги контактираат луѓето кои соработувале со пејачот.

Последен кој бил контактиран е човекот од кого Дарко го купил автомобилот минатата година, а со истиот направи и сообраќајна несреќа на почетокот на оваа година, па истиот му го вратил повторно назад на сопственикот.

-За „Шкода суперб“ која Дарко ја купил од еден човек минатата година за договорена сума од 35 илјади евра, пејачот дал само 12 илјади евра. Остатокот требало да го исплати на рати, меѓутоа по кратко време тој доживеа сообраќајна несреќа во која автомобилот бил уништен. Тој не ги дал преостанатите 23 илјади евра, ниту сопственикот ги вратил тие 12 илјади евра на пејачот, дознава порталот од извори блиски на пејачот.

Па така родителите на пејачот бидејќи не ги знаат деталите од договорот меѓу нив тие му се јавиле на сопственикот на „Шкодата“ да го прашаат да не му должи тој на нивниот син пари, во овој случај на нив, бидејќи Дарко е врзан за кревет. Човекот беше прилично шокиран бидејќи кривицата била во Дарко кој направил сообраќајка.

-Кога им рече дека на Дарко не му должи ништо, напротив дека тој му должи нему пари, таткото на Дарко му се извинил и ја спуштил слушалката, вели извор близок до сопственикот на автомобилот.

Инаку според животното осигурување Дарко Лазиќ изгубил потенцијални 65 илјади евра бидејќи му е најдено алкохол во крвта.

Претходна статијаСтанија: Буквално е опседнат со мене – постојано ме прогонува, се плашам од него
Следна статијаВлатко Стефановски емотивно се отвори: Се обидувам преку музиката да се спасам