(ВИДЕО)Варошлија повторно удри по познатата македонска водителка: Со тоа штиклите прави колци за патлиџани

0

Кога е во прашање изгледот на познатите, стилистот, автор и водител на емисијата „Мода“ на 1 ТВ, Сергеј Варошлија, особено не се штеди во коментарите за нивниот изглед.

Изминатиот период кај него на тапет се почесто е ТВ водителката Елена Стефановска која тој практикува да ја нарече Елена „Живот без стил“.

Најмногу го иритира нејзината коса која ја карактеризира како пржена, а досега во неколку наврати потенцираше дека Елена од моден аспект прави катастрофални грешки.

И во најновото издание повторно таа беше на мета и му ја „пукна душата“ со изгледот кој го имаше за пазарење во маркет.

А кога Сергеј ја здогледа….

Елена „Живот без стил“ повторно со пржена коса,метастази на косата. Погледнете ја како се облекла, како да ја избркале од дома и се сликала во маркет.И тоа што се сликала во маркет нема ништо, но од кога луѓето во свет на мода се сликаат вака во маркет, на овој начин со шаргарепи толкави џиновски во ова…

Веројатно атмосферата ја потсетува, нејзе и дава некоја автентичност, веројатно затоа што и личи да сади и да бере моркови, многу повеќе од што и личи да се занимава со мода заради тоа што тука дефинитивно имаме една тешка модна катастрофа која што не враќа некаде назад, назад некаде во времето и тоа не се прави вака. Ова изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани, такви работи, зашто ова многу добро ти оди. Па можеби еден ден од земјоделието ќе стане така модно освестено како тебе.

Иако Варошлија неколкупати досега жестоко ја критикуваше, Елена Стефановска не се огласила да возврати на ваквите коментари за нејзиниот изглед.

Претходна статијаФОТО: Шумахер го собра семејството заедно – причините се добри вести
Следна статијаКрај за неизвесноста во селото Суводол, Викторија се врати дома