Болно е што се случува за многу наши сограѓани. Дел уште ги држи револт. Јас велам „Дај Боже да сме грешка“, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Комисијата за уставни прашања каде започна расправата за уставните амандмани.
„Без разлика дали некој ќе гласа или не, мојот став останува со легитимитетот и партиската програма. Нема да гласам од принцип. Овој амандман 33 значи примена на „ерга омнес“. Она што ме чуди , преговорите во минатите 27 години беа во три нивоа. Каква ќе биде одредницата, каде ќе биде одредницата, каква применливост ќе има таа. Она што ни се нуди со овој Устав е најлошо место на придавката.
Мислам дека Владата требало да се потруди придавката да е пред зборот Македонија, треало да се бори за другото – да не е за внатрешна употреба. Тука не добивме адекватен одговор. Договорот ако се чита целата негова филозофија, тој вели дека „вие имате право да се нарекувате како сакате“.
Односот на грчката држава кон македонскиот народ нема да се промени. Ако има нешто што може да се направи, треба да се направи. Убава е атмосферата да се каже дека ќе имаме пријател плус, но да не се лажеме дека Грција ќе се промени кон македонскиот народ. Вредноста на овој договоро си има смисла, а штетна е содржината на Договорот“,
Извор: Фокус.мк