Ферус Мустафов, мајсторот на дувачки инструменти вели дека музичката сцена е во криза и открива дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.
„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно.
„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, додава Ферус.
Иако своевремено Ферус тврдеше дека жените како и музиката го одржуваат во живот, изгледа дека работите веќе се смениле, па сега се држи само до музиката и неговата сопруга.
Во 2011 година на прашањето колку жени поминале во неговиот кревет, бидејки важеше за голем заводник и срцекршач како млад, еве што одговори:
„Ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам. Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кревет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван.“.