Мајката на Дарко Лазиќ во солзи: Кога го слушнала тоа – едноставно емоциите избиле

0

Дека пејачот Дарко Лазиќ е омилен во местото во кое пораснал, и во кое и понатаму поминува поголем дел од своето слободно време, и за него сите мештани имаат само пофални зборови, се покажало кога екипа на српски медиуми дошла во неговиот роден крај.

Бидејќи е разбуден од кома, состојбата на Дарко е стабилна. Кога пејачот дошол при свест, и сфатил што всушност се случило неговата мајка за српскиот медиум еспресо во дворот на куќата каде пораснал Дарко раскажала.

-Знаете, сега мене ми е важно тој да е добро. Кога се разбуди, тоа беше најсреќен момент за мене.

Ме преплавија емоции и некое неверјатно олеснување, не знам ни како би го опишала тоа нешто. И тој го сфати тоа веднаш, и каде е, и што е, знаеше веднаш што се случило.

Мислев дека можеби поради комата нема да може веднаш да си дојде на себе, но тој беше скроз бистар веднаш штом се разбуди, знаеше и тогаш ми рече: „Мајко, знам се што се случи. Свесен сум што направув, и многу ми е жал. Да можам да го вратам времето, се би било поинаку.

Би сакал ова никогаш да не се случеше“-раскажала мајката на Дарко, која иако добро била расположена, не можела да ги сокрие солзите со кои за секунда и се наполниле очите.

Претходна статијаНи доаѓа голем христијански празник – мажите треба да направат една работа за да донесат среќа и благосостојба во домот
Следна статијаВИДЕО: Ноне како папарацо – без срам ги фати живи на лице место