ВМРО-ДПМНЕ: Можете да ни се заканувате, уценувате, блокирате и заплашувате, но не ви се плашиме

0

Игор Јанушевв, Гвенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната на прес конференција за медиумите изјави дека одлуката за замрзнување на 69 објекти во сопственот на партијата го опфаќа целиот имот со кој располага ВМРО-ДПМНЕ.

Според она што го кажа тој тој, вредноста на недвижнините кои се во сопственост на партијата изнесува околу 10 милиони евра, а нивното замрзнување, додаде, ќе предизвика сериозна штета во функционирањето на партијата.

-За прв пат во историјата на Македонија се бара замрзнување на имот на партијата во опозиција. Оваа власт се обидува да забрани политичко делување кое се разликува од антидржавните политики на СДСМ. Одлуките на судиите се неосновани и без правна аргументација, исклучиво политички потивирани. Не постои мандат и надлежност за определување вакво барање, а второ ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, оттука очигледна е намерата на инспираторите на ова сценарио да се спроведеп олитички прогон со кој на партијата и се извршува штета и се спречува нормалното работење – рече Јанушев.

Тој и порача на власта дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара лична и политичка одговорност.

-Да, можете да ни се заканувате, уценувате, блокирате и заплашувате, но знајте дека не ви се плашиме, само дополнително не мотивирате. Нема да не скршите бидејќи нема да ја скршите одлучноста во нашата борба за Македонија – рече тој.

Претходна статијаМајка за својата ќеркичка: Престана да јаде, се буди по 20 пати, а сето тоа поради нејзиниот најдобар пријател
Следна статијаПетмина гостиварци ја „затворија“ обложувалницата Моцарт – фатија 126 илјади евра