Годините се само број: Најстарата жена на светот со песна го прослави роденденот

0

Најстарата жена во Боливија, а веројатно и во светот, вчера со песна го прослави 118 роденден.

Хулија Флорес е родена во 1900 година. Позната е како „мама Хулија“, а роденденот го прослави во присуство на членови од семејството и пријателите. Во земја каде просечниот животен век е 71 година, Хулија е исклучок од ова.

Кога нејзината возраст ќе биде и службено признаена, таа ќе биде најстарата личност во светот и трета на сите времиња.

Таа не е единствената што има доживеано длабока старост во Боливија. Кармело Флорес, кој не е во роднински врски со Хулија, имал 123 години кога починал, но возраста не била официјално признаена.

Претходна статијаСветска премиера на новиот Volkswagen T-Cross (ГАЛЕРИЈА)
Следна статијаКаков епилог ќе има: Македонско-бугарска комисија заедно одлучува чиј бил Цар Самоил