Нема дилеми: познато е како ќе функционираат исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

0

Најверојатно наредната недела од Собранието ќе пристигне вест дека се формира уште една пратеничка група. Ќе се состои од најмалку осум пратеници кои до сега функционираа во рамки на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но беа екскомуницирани кога пред една недела решија да го поддржат предлогот за уставни измени. Нивните договарања се уште траат, пренесува ТВ Телма.

Поединечно секој од нив вели дека е најважно да останат заедно и да опстанат во поддршката на почнатиот процес. Очекуваат групата да стане побројна. Велат дека не е најважно кој ќе биде координатор, бидејќи ќе има задача само да ги презентира и застапува заедничките ставови. Деновиве, Љубен Арнаудов посочи дека тој инсистира новата пратеничка група да не го напушта името ВМРО ДПМНЕ.

Сакаме ова да биде пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како што опозициската коалиција лани имаше 10 пратенички групи, сега треба да се овозможи да има уште една. Јас немам намера да си одам од ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на раководството да ме исклучи е избрзана, рече тогаш Арнаудов.

Со организирањето во посебна група, пратениците ќе добијат право на посебна канцеларија, асистенција од стручните служби, присуство на координативните состаноци кај спикерот Талат Џафери, пропорционално учество во комисиите. Местата ќе треба да им ги отстапи ВМРО-ДПМНЕ, која стартуваше со 51 но сега останува со 39 пратеници. Вчера Џафери рече дека според Деловникот, имаат право да се самоорганизираат бидејќи се повеќе од петмина. За да се формализира оваа постапка, неопходно е писмено и лично да го известат за својата намера. Вакво известување се уште не е стигнато до кабинетот на Џафери.

Извор: ТВ Телма

Претходна статијаНајпознатата Ирска пејачка стави Хиџаб и премина во Ислам (ФОТО)
Следна статија(ФОТО) Носачите на багаж штрајкуваат, она што се случува на аеродромот не е за гледање