Што чека народот: Има слободни работни места, но никој не се пријавува за нив

0

Во јавната администрација има и прилив и одлив на кадри. Има институции кои нон стоп имаат отворен оглас за вработување, а никој не се јавува, бидејќи нема соодветен кадар. За жал, одливот на кадри е во странство и тоа е она што не загрижува и на кое треба најмногу да работиме сите заедно, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Првата конференција за е-трговија во Македонија, министерот Манчевски рече дека годишниот извештај, што мора да се објави до март, најдобро ќе ја покаже ситуацијата со бројот на вработени во јавната администрација.

– Вработувања во јавниот сектор има и ќе има затоа што институциите имаат голема потреба од кадри бидејќи нема само прилив, туку има и голем одлив и тоа за жал на кадри кои најмногу недостасуваат во јанвиот сектор и кои навистина е тешко да се најдат, изјави Манчевски.

(МИА)

Претходна статијаТелохранителот на Аркан откри тајна за oгромен инцидент на свадбата со Цеца – интервју кое ќе се прераскажува
Следна статијаМицкоски е врзан со криминалите на Груевски – од тоа не може да избега