Разрешувањето на дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ е силно поздравено од дел на партиското членство, кои велат дека ова е храбар потег на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, со цел ВМРО-ДПМНЕ да оди во правилна насока.
Аналитичарот Александар Пандов овие одлуки ги оценува како историски.
„ВМРО-ДПМНЕ со тие ликови кои што сега се или разрешени или исклучени, низа периоди во времето претставуваа бреме за самата партија, како во времето додека работеа. Но, она што е највпечатливо е пред и после референдумот – вели Пандов во изјава за „Алфа“ телевизија, веднаш по завршувањето на прославата на ВМРО-ДПМНЕ.
Пандов, кој е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше и во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, каде порака дека бојкот бил единствениот начин Договорот да не успее.
„На деца мали им беше јасно, дека за да не успее тој референдум и да не помине тој Договор, најдобра стратегија е бојкотирање на истиот“, истакна Пандов во вчерашното гостување.