БЕСА најави дека не се шегува и го одржа ветувањето: Поднесени амандмани до Собранието

0

БЕСА на Билал Касами испрати до владата предлози околу уставните амандмани со кои бара во делот на преамбулата, да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Бараат и службен јазик на цела територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи, покрај македонскиот, да биде и албанскиот јазик и неговото латинично писмо.

Беса бара и во уставот да се допрецизира дека Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат надвор од територијата, еднакво за сите етнички заедници.

И послендиот предлог на БЕСА, испратен до владата е и во уставот да се оневозможи претседателот на државата да ги блокира законите, кои се усвоени по второ гласање во Собранието.

Претходна статијаКлетви фаќаат преку сол и шеќер, позајмени алишта и пари – може да се заштитите
Следна статијаСела зборуваше за понудата од Заев, никој не очекуваше ваков одговор од него