Нема податоци за нивото на штетните ПМ 10 честички во Лисиче, Гази Баба, Битола и Велес. Мерните станици во изминативе неколку дена не работат и во други општини.
Побаравме одговор од министгерството за животна средина, но заменик министерот Јани Макрадули не сакаше да одговори зошто мерните станици не работат. Одговор втор ден нема ниту од ПР службата во министертсвото.
Извори за Сител велат дека овие апарати требало да бидат сервисирани или заменети и за тоа министерството обезбедило 2 милиони евра, но парите најверојатно завршиле за други цели.
Граѓаните велат дека и без мерачи може да почуствуваат дека воздухот е загаден.
Градот Скопје тврди дека вложиле многу труд, ама не во примена на решенијата туку во нивна промоција. Горди се што успеале да лоцираат и неколку диви депонии и потпалувачи на смет.
Граѓанските организации вклучени во процесот открија дека во текот на летото ниту еднаш надлежните не разговарале за активностити и обврските кои ги имаат за исполнување на планот со 39 мерки. Стравуваат дека и годинава единствен спас од загадениот воздух ќе бидат поволните временски услови.