Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа на Твитер им се обрати на злонамерните и оние кои намерно шират невистини.
-Ќе ги разочарам злонамерните и оние кои намерно шират невистини. Јас останувам да ја говорам вистината, исто како што ќе продолжам да го користам мојот твитер. До следниот твит, #МакедонијоНапред!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Твитер профил.
Ќе ги разочарам злонамерните и оние кои намерно шират невистини. Јас останувам да ја говорам вистината, исто како што ќе продолжам да го користам мојот твитер. До следниот твит, #МакедонијоНапред!https://t.co/FpsdlUmCkX
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) October 23, 2018
Ова доаѓа по серијата објави на социјалните мрежи дека Мицкоски се одлучил да ја напушти социјалната мрежа Твитер.
-Поради неподнослив вишок на вулгарна реторика и говор на омраза ја напуштам Твитер мрежата. Простено ви е на сите и имате право да размислувате на свој начин и различно, ама поган јазик подразбира погана душа. Облагодродете се, поубаво ќе ви биде. Збогум, стоело наводно во неговото обраќање, кое на крај излезе дека не е точно.