Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери испрати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
– Дозволете во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и од име на пратениците во законодавниот дом, да го честитам 23-ти октомври, којшто според Законот за празниците на Република Македонија е Ден на македонската револуционерна борба и да ви посакам овој ден да го поминете во добро расположение, во кругот на најблиските, стои во честитката.
Во неа се додава нека овој ден биде потсетник дека во животот секој ден е борба, борба за подобар живот, борба за градење на подобро, поздраво општество, борба за политички стабилна, економски напредна држава со светла иднина, безбеден дом за сите наши граѓани.