СДСМ: Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ носат само зло, поделби, криминал и сиромаштија

0

Почитувани,

Собранието донесе историска одлука. Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато.

Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80 пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.

Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера. Донесена е одлука што ја одредува иднината на нашата земја, што ја одредува иднината на секој граѓанин и на генерациите што доаѓаат.

Христијан Мицкоски, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, поделби, криминал и сиромаштија.

Но Македонија кажа доста на поделбите создавани од Груевски, неговиот пион Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и огромното мнозинство во Собранието одбраа Македонија да продолжи по патот на интеграција и сојузништво.

Пратениците се охрабрија, се одважија и донесоа одлука за иднината на државата. Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

Сега Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години.

Сите ние сме дел од еден историски момент. Тој историски момент повикува на обединување. Тоа ни е потребно како никогаш досега.

Македонија се помирува, Македонија се обединува натпартиски и надетнички, 80 пратеници ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на државата. Време е сите пратеници да го следат тој чекор и да се приклучат.

Сега е време да тргнеме заедно на патот што нè води во ЕУ и НАТО. Така нè личи. Заедно.

Претходна статијаПазете што пишувате на Фејсбук: Фрчат кривични пријави од МВР поради говор на омраза
Следна статијаШирум Македонија полицијата на нозе: Пратениците кои гласаа „за“ се чуваат дома