Само среќата го спасило: Патник на „7“ на ЈСП згмечен на врата при излез од автобусот

0

На 19.10.2018 година во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје.

Тој пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош и кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот.

Од МВР информираа дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна статијаЕкс советник на Груевски: Кај си Ќосе
Следна статијаОгромна трагедија: Свети Николе завиено во црно – настрада 19 годишно момче, 16-годишник се бори за живот