Трагедија кај Негорски бањи: Полицаец од Унгарија пронајден паднат на земја без знаци на живот

0

На 18.10.2018 година во 13,30 часот во Полициска станица Гевгелија од вработен во „Негорски бањи“ било пријавено дека на локалниот пат кај комплексот Негорски бањи, П.Ф.(40) полициски службеник од Р.Унгарија бил пронајден паднат на земја без знаци на живот.

Тој со негов колега заминал да џогира околу хотелскиот комплекс, по што во еден момент паднал. Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институт за судска медицина за обдукција.

Претходна статијаНаправете го следново за да се всмукаат болестите и лошотилакот од домот и домашните во него
Следна статијаИма ли крај на лудилото: 19-годишно момче на автобуска станица претепано, играл и нож