Очајна мајка: Го губам син ми бидејќи немаме пари за лекување, како е тоа фер ?

0

Една очајна мајка покренала акција за собирање милион фунти за спас на синот на кој докторите му дале само неколку дена живот.

Докторите ѝ рекле на 24-годишната Амбер Шофилд дека не можат да направат ништо за нејзиниот петгодишен син Чарли Проктор кој боледува од хепатобластом – редок детски тумор на црниот дроб.

Финансирањето на лекувањето го одбило и британското национално здравство (NHS), но мајката не се откажува иако докторите ѝ кажале дека детето има “максимално” 14 дена живот, пишува “Daily Mail”.

Амбер и таткото на детето, Бен Проктор, пронашле доктор кој е спремен да го лекува Чарли доколку детето успее да дојде во САД за една недела. “Немаме пари да го спасиме своето бебе, колку е тоа сурово”, вели мајката.

“Имаме една недела да го спасиме нашето храбро и прекрасно момче. Проблемот е во тоа што чини многу пари, би можеле да продадеме се што имаме и повторно не би биле ни блиску до потребната сума”, додала таа.

Лекувањето вклучува трансплантација на црн дроб што националното здравство го одбило бидејќи не било утврдено дека операцијата ќе биде успешна.

“Не можам да прифатам дека мојот син ќе почине затоа што не сме доволно богати за да го спасиме. Ракот е болест за богатите. Што повеќе пари имате, толку е поголема шансата вашето дете да преживее. Како е тоа фер?!”, говори разочараната мајка која додала дека се чувствува беспомошно.

Лекувањето е достапно во детската болница во Синсинати и се верува во успехот на оваа процедура, но со оглед на тоа што е приватна, парите мора да бидат во целост уплатени однапред.

“Во трка сме со времето. Во овој момент Чарли може да патува, но не знаеме колку долго ќе биде така. Со болеста се бори од својата втора година и мислевме дека успеавме, но таа се врати во поагресивен облик”.

Семејството покренало кампања на “GoFundMe”, а досега се собрани повеќе од 300 илјади фунти.

Претходна статијаВИДЕО: Ќе гледате и ќе плачете – најновата македонска емисија „ВИП на еден ден“ ќе ви го скрши срцето
Следна статијаСлавната пејачка во огромна тага по трагедијата: Последните 3 години сакам да ги избришам од моето сеќавање