Се венчавме, отидовме на меден месец, ама со нас дојде и свекрва ми – епа живеј си со мама тогаш

0

Познати се примерите кога родителите сакаат да се мешаат во животите на своите деца. Им наредуваат, го “хушкаат” сворто против неговиот партнер/ка, сакаат да бидат главни во воспитувањето на внучињата. Нездрави ситуации кои за жал се и причина за многу разводи. Сличен пример ќе прочитате и подолу:

“На меден месец со нас дојде и мојата свекрва, под изговор дека не може дома да седи сама тие неколку дена. Секој вечер влегуваше во нашата соба по неколку пати. Тогаш не извести и дека нема да може да живее сама, и дека сака да дојде да живее заедно со нас. Секако, ваков не беше договорот кога се забавувавме со сопругот, а пред да се земеме.

Тие десет дена “меден месец” си излегував сама. Го шетав градот каде што бевме и уживав во убавината. Се обидував колку можам да ја игнорирам и неа и мажот ми, кој беше потресен по мајка му. Ко ја да му бев сестра, или братучедка, а не сопруга.

Во меѓувреме се договорив со моите родители да ме чекаат на аеродром кога ќе се вратам. Кога слетавме му го вратив прстенот на сопругот, со зборовите да оди да си живее со мама и да си се шета со неа, на него не му е потребна жена, тој си има мајка.

Тој остана изненаден, не гледаше проблем, а ниту денеска не го гледа и не му е јасно зошто го сторив тоа. Едноставно како да е маѓепсан. Но, негов проблем. Многу сум среќна што ова се случи веднаш на почеток, замислете да родев дечиња, па да требаше да се разведуваме.

Затоа ве молам, еден апел од мене, пред да стапите во сериозна врска и брак, нека не ве водат само емоциите, туку согледајте ги вистинските односи мешу вашиот партнер и неговите родители и влезете во брак, само доколку вашата врска се темели на цврсти основи и ако и двајцата сте доволно созреани за да оформите сопствено семејство.”

Претходна статија„Јас сум давеник во море“: Каде е и што прави 11 години подоцна менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ
Следна статијаОрце за Ирена Спасовска: За неа оставив сопруга и две деца, а таа ме изневери