Ве информираме дека менаџментот на Комплексот Македонско Село донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).
Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години.
„Комплекс Македонско село“ со постапката за избор на концесионерот кој ја спроведе владината Служба за општи и заеднички работи го одбра Владимир Тодоровиќ, како сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“ кој плаќаше месечна кирија од 3500 евра. Неговата концесија важеше 20 години, а започна во 2016 година.
Останува нејасно што се случи и што доведе до ова да се стави клуч на инвестицијата на Владата вредна 6.5 милиони евра.