На светската берза цената на нафтата изминатата недела падна, првпат после еден месец откако беше во раст.
На лондонскиот пазар, цената на барелот падна за 4.4 %, поточно на 80.45 дoлари, а во еден момент падна дури и под 80 долари. Додека пак на американскиот пазар барелот е поефтин за 4.1%, на 71,35 долари.
Додека на светско ниво поефтинува, кај нас се зголемува, ова треба да го објасни некој.
Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, од ноќеска на полноќ се зголеми за еден односно 1,50 денари од литар, а „еуродизел“ поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
„Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 74,50 денари, „еуросупер БС-98“ за 76,50, а „еуродизел“ за 69 денари.