Ако имате некои од овие симптоми, можно е вашата куќа да е проколната

0

Дали некогаш сте имале чувство дека некој ве набљудува или сте почувствувале ненадејна и необјаснива промена на температурата во воздухот? Немаме намера да ве плашиме, но паранормалните истражувачи велат дека вашиот дом е проколнат.
Новото истражување покажува дека шест од десет луѓе веруваат во духови додека 23% од нас веруваат дека нешто мистериозно се случува во нашуит дом. А тоа може на крајот да остави тешки последици по луѓето кои живеат во таква куќа.

ОВА СЕ ЗНАЦИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРОВЕРИТЕ:

1.Имате чувство дека некој ве набљудува кога сте сами.

2.Имате чувство на ненадејна и необјаснива промена на температурата или статички електрицитет во воздухот.

3.Предметите од домаќинството мистериозно исчезнуваат и повторно се појавуваат на различно место.

4.Слушате необични звуци, шепот, чекори или слушате како некој го повикува вашето име.

5.Со крајот на окото забележувате сенки или движење.

6.Чести електрични проблеми како необјаснето гасење или палење на светло или уреди кои се однесуваат чудно.

7.Имте чувство дека ве допираат невидливи раце.

8.Чувствувате необичн мириси, како парфем, цвеќе, цигари, храна или мирис на трулеж.

9.Ненадејно будење помеѓу 3 и 4 наутро проследено со чувство на ужас, страв или како некој да ве гледа.

10.Чувство на жалост или тага во специфични простории или делови од домот.

Доколку имате домашен љубимец, најверојатно ќе забележите дека мачката или кучето се вознемируваат одеднаш кога нема потреба за тоа.
Некои луѓе успеале да го фотографираат духот или да го снимат неговиот глас
-Снимката треба да се преслуша наназад. Многумина се изненадиле кога го направиле ова.

ДОМАШНИТЕ ДУХОВИ СЕ ХРАНАТ СО ТАГАТА И ИЗМАЧУВАЊЕТО НА ЛУЃЕТО

Најинтензивни се оние субјективните, кои за среќа се ретки. Експертите веруваат дека тоа се духови на екстремно насилни индивидуалци, убијци, психички болни или зли луѓе воопшто.

Овој вид на духови се храни со човечкиот бес, депресија или било кое несреќно чувство и емоција. Исто така, присуството на ваквиот дух ги засилува негативните емоции кај луѓето кои не знаат дека куќата им е опседната. Тие не можат да го објаснат немирот кој ги обзема нагло штом го преминат куќниот праг. Дури кога ќе излезат од дома, чувствуваат дека постепено се смируваат и срцето не им чука забрзано – доколку духот не се закачил трајно за нив.

Постојат и духови на адолесценти кои обично се многу бучни, но не се толку опасни. Повеќе сакаат да ги плашат луѓето, но не се хранат со нивниот страв. Овие духови се задржуваат само неколку дена до неколку месеци. Постојат и духови кои се заглавени во просторот и времето и тие не му штетат никому, туку го живеат сопствениот вечен пекол.

Тие се појавуваат на места на кои се случило нешто страшно, трагично и трауматично, како појавување на нечие сеќавање од минатото. Па така, има сведоштва кога духот на војник се појавува на местото на битката, а потоа исчезнува, за подоцна да се утврди дека навистина таму некогаш во минатото се одиграла некоја важна битка. Овој вид на дух останува секогаш на истата локација и не се обидува да воспостави контакт со живите луѓе.

Претходна статијаШто и подари Боки 13 на Лила лани за роденден (ФОТО)
Следна статијаПознати личности одат да пробаат Ајвар и Ѓомлезец во Мајами, Америка во ресторанот на Македонец