На 13.10.2018 година во 13.00 часот во Полициската станица Тетово, Б.А.(33) од село Нераште, тетовско, возач на автобус во туристичка агенција, пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот, тој и неговите колеги Ш.И. и А.Р. на меѓуградската автобуска станица во Тетово физички биле нападнати од лицето Д.Р.
Додека чекале да влезат патниците во автобусот со кој требало да патуваат за Копенхаген – Данска, дошол Д.Р. и ставил торба во автобусот. Ш.И. му рекол дека не може да земе торба и настанала расправија помеѓу нив, по што Д.Р. физички ги нападнал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.