Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е згодна, а очигледно и под големо влијание на модните трендови.
Заева е во врска со Иван Проданов, момчето со кое убавата струмичанка летото го помина во Грција, односно на островот Крф. Александра и Иван се во повеќегодишна врска, тие и во изминатиот период летуваа заедно, а како дестинации ги одбраа Виена и Будимпешта.
Овојпат, преубавата Александра објави фотографија на Инстаграм од Истанбул. Секако, во друштво со своето момче. Општ впечаток е дека Александра е скромна девојка, која не сака во голема мера да се експонира во јавноста, туку само повремено објавува фотографии од своите дестинации.