Нелоски: Албанците му кажаа не на Заев

0

Премиерот Зоран Заев го глуби тлото под нозе, смета Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, младите луѓе во земјава се тие кои ќе му го покажат местото на Заев и ќе го испратат во историјата.

Нелоски кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Република“ истакна дека етничките Албанци во Македонија му испратиле на Заев директна порака со референдумот

„Јас лично немам разговарано со партиите, но сум разговарал со Албанци кои ги сретнувам во секојдневието. Според мене двете најважни работи од овој референдум се, прво, што после две години лажење, Албанците му го свртеа грбот на Заев и СДСМ и втората работа е што младите луѓе го увидоа вистинското лице на Заев, односно дека тој не им нуди подобра иднина“изјави Нелоски и го образложи ова свое мислење:

„Ако ги погледнеме албанските средини освен во тие места каде што има нерегуларности, во ниту една средина каде што има мнозинство албански гласачи нема исполнет цензус. Што значи тоа? Тоа значи дека конечно и Албанците му кажаа, после изборите 2016 и 2017 година НЕ на Зоран Заев и очекувам и на овие избори да му кажат НЕ на Зоран Заев. На референдумот излегоа некаде околу 250 до 280 000 Албанци. Ако ги минусираме нерегуларните гласови тоа се некаде околу 60 000 гласови, доаѓаме до некоја бројка од 220-230 000 албански гласачи кои излегоа на референдум, што е јасен показател дека политиките на Заев веќе не поминуваат кај Албанците и на Албанците не им е важна само евро-атлантската интеграција, туку им е важен и секојдневниот живот , секојдневните проблеми кои ги мачат и со коишто се соочуваат сите граѓани. Дополнително, и младите луѓе му кажаа НЕ на Заев. Во Карпош и Центар каде има најголема излезност, младите луѓе се под 20 проценти. Насекаде во државата младите кажаа НЕ на Заев. На наредните парламентарни избори, кои ќе се одржат откако нема да им помине овој притисок којшто се обидуваат да го направат врз нашите пратеници, младите ќе застанат со ВМРО-ДПМНЕ и ќе му го покажат местото на Заев, односно ќе го пратат во историјата заедно со останатите транзициони политичари. Заев го губи тлото под нозе и се обидува на рекетарски начин да ги исполни ветувањата кои ги давал, не на македонскиот народ, туку на некои други места“.

Претходна статијаГруевски утрово прилично активен на Фејсбук: Се обрати на два наврати
Следна статијаМицкоски: Заев, мора да си одиш – ја втурнуваш државата во уште поголема криза