Како што јавува МИА Специјалното јавно обвинителство отворило нова финансиска истрага поради која три лица се приведени а уште шестмина осомничени.
Во приведените е и бившиот градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа ’92“ а тој и сите останати како што е наведено се товарат за дело – перење пари и други приноси од казниво дело од член 273.
Во соопштението се наведува дека од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од 5 милиони евра.