Што има во главата на жената кога е во врска со оженет маж? Со оној кој наутро се разбудил до својата сопруга, а попладне е во кревет со љубовницата. А тој, после тоа, пак ќе се врати назад кон семејството…
Нина 28 – Има афера со оженет маж кој има и деца. Се запознале на работа. Сметала дека е привлечен веднаш штом го забележала. На еден излет се бакнале, а од тогаш се во тајна врска. Нина знае дека тој дома има жена и деца. Некогаш може да замижи, а некогаш не.
-Знам дека сум жена која мрази други жени. Јас сум жена која уништува семејство – бидејќи спијам со оженет маж. Но, што да кажам? Тоа го избрав. Се вљубив во тој маж, но често ми иде во главата дека тоа не е во ред. Се гледаме два до три пати во неделата кај мене дома.
Тој дома кажува дека е со другарите на пиење или дека мора подоцна да остане на работа. Кога е кај мене, забораваме на се околу нас, лежиме во кревет, се галиме, разговараме и имаме секс.
Мораме да внимаваме да не оставаме некој траг, не смеам да имам парфем на себе, бидејќи жените тоа веднаш го приметуваат. А и тој не се тушира после секс, бидејќи тоа ќе биде уште посомнително, бидејќи никој не доаѓа дома чист.
Кога е кај мене, се е прекрасно. Меѓутоа знам дека ќе отиде дома и ќе заспие кај друга жена. Дека наутро ќе го разбудат деца и деке ќе седи на маса со друга жена. Тоа ме боли – и поради тоа не пробувам да мислам на тоа. Ако некој смета дека е лесно да бидеш во љубовна афера – тогаш се лаже. Секогаш боли.
Длабоко во себе сум свесна дека тој никогаш нема да го напушти своето семејство. Тоа го знам уште од првиот ден, но пак не можам да дигнам раце од него. Знам и дека ова нема да трае долго. Морам да дигнам кочница. Знам дека ќе боли…