Пејачот Даниел Кајмакоски е многу поврзан со својата мајка Ружа, иако не живеат заедно, таа е во Австрија, а тој сега живее во србија.
Односот на мајката и нејзиниот син во најраниот период од животот значително влијае на вредносниот систем на мажот подоцна во животот.
Како централна фигура во животот на момчето, мајката има огромно влијание врз тоа каков ќе биде нејзиниот син како личност.
Во неколку наврати, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски има кажано дека е многу горд на своето семејство. Неговиот татко, Павле Кајмакоски е исто така музички талентиран, и тој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.
Нејзините три сина се голема нејзина гордост, Даниел инаку има уште двајца браќа, Далибор и Филип.
Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.
Пред неколку години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат. Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.
Даниел на својот Инста профил објави прекрасна вест, дека тој и неговата сопруга чие име не е познато, а се знае сао дека е медицинско лице, ќе станат родители.
-Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го малиот човек“ напишал на Инста Даниел и објавил слика од својата бремена сопруга.
Мајката на Даниел, сопругата на Павле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.
Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија. Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.
А Ружа неодамна се оггласи на Фејсбук со нова слика, на која има ружа, и се гледа дека оваа жена изгледа прекрасно, како да е девојче, а не како наскоро да ќе стане баба.