Кога ќе добиете можност за интервју со ѕвезда која ја знаете, што се вели, од кога сте се родиле, чиј репертоар ви е добро познат или заради чии филмови сте трчале во видеотека, во главата правите концепт затоа што сакате да ја испрашувате како што тоа го правеа вашите наставници во основно…
Па размислувате дали ќе биде расположена за соработка, дали се ќе биде “на трчање”… но кога добивате можност да ја запознаете на нејзин терен, онаму каде што е најрелаксирана, природна“, обави Вистина.мк во една прилика за Лепа Брена.
-Имате впечаток дека тоа не е онаа истата личност што сте ја гледале на ТВ-екраните… Непосредна, позитивна, пријатна…
Ете така со три збора би можела да се опише Лепа Брена и по којзнае кој пат да се потврди она – колку е некој поголема ѕвезда толку е понормална личност…“, стпи во текстот на Вистина.
Само посветена работа ве води во нови бизнис сфери и унапредување на работењето. Никогаш не сум се задоволувала со тоа да бидам само естрадна личност.
Лепа Брена прерасна во сериозен бренд исклучиво затоа што од самиот старт имаше визија што е инвестирање во работата.
Тој принцип на работа го применивме кога ја стартувавме Гранд продукција, потоа кога почнувавме со Гранд ТВ и резултатите од нашата работа и рејтинзите кај публиката – денес кажуваат се“, изјавила Брена за овој медиум.
– Мојот однос кон работата би ме одвел, во тоа сум сто насто сигурна, на добра позиција без оглед на професијата. Но човек се раѓа за некоја професија и ја следи својата интуиција. И стигнува до целта.
За се е потребна многу голема дисциплина. Треба да се воздржите од калорични залци, и редовно да се вежба, и да се спие по десет часа, и да се плива, и да се оди во теретана… Се си бара дисциплина“, изјавила Брена.
Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, го прослави роденденот во престижен локал во главниот град на Србија.
Меѓу гостите беа многу негови пријатели, семејството и пријателите Брена и на Боба. На задоволство на целиот ресторан, мама Брена го зеде микрофонот и на синот му отпеа еден од нејзините познати хитови „Немам други дом“.
Покрај нејзината мајка пееја и нејзината колешка Ана Бекута и снаата Александра Пријовиќ и ја доведоа атмосферата до лудило, а имало и торта на три спрата.
Снаата, како што дознава Курир.рс, не сакала да ја пропушти прославата на својот девер,
па на забавата дошла директно од снимањето на спотот за новата песна.