Тамара откри новости за својот живот- се збогувала со ова нешто, а откри и од што најмногу се плаши

0

– „Нијагара“ е насловот на мојата нова песна, која е придружена со видеозапис (спот). Оваа песна ја подготвуваме подолг период и баравме вистински момент за да ја објавиме“, изјави неодамна пејачката Тамара Тодевска за Слободен печат.

Песната е на српски јазик, но е наменета за целиот регион. Направивме и прилично квалитетен спот и оттука верувам дека ќе имаме добра промоција во Македонија, но и во земјите од регионот (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора).

Да, се јавувам како автор на текстот, заедно со мојот соработник и пријател Лазар Цветкоски. Првичната идеја за текстот е моја.

Сосема случајно, неочекувано ми дојде инспирацијата, па продолжив да ја пишувам, а поддршка во тој процес ми даде Лазе.

Првпат се јавувам како текстописец, и тоа е едно поинакво, но и многу вредно искуство, затоа што достигнуваш одредена музичка зрелост, но и кога си меѓу авторскиот тим, песната уште повеќе ја чувствуваш како твоја и се поврзуваш со неа.

Инспирацијата, идејата може да се појави буквално во кој било момент. Впрочем, таа спонтаност и непостоењето притисок, според мене, се клучни предуслови за да може еден уметник да се изрази.

„Нијагара“ настана сосема спонтано, а песната се однесува за сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано.

„Нијагара“ е за сите што се неправедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата.

Динамична е, брза, со интересен спот и се надевам ќе ви се допадне“, кажала Тамара а потоаа го споменала поранешниот сопруг.

– Секојдневно комуницираме со Мачка. Ние имаме две деца, кои, пред сѐ, сакам да имаат среќно и исполнето детство. Хана и Дарен имаат двајца родители, и за мене многу здраво и нормално е да продолжи комуникацијата меѓу родителите и откако ќе се разделат.

Тоа е во интерес на децата, кои се во специфичен период, затоа што се релативно „мали“, но апсолутно сѐ разбираат.

Тие сега растат, стекнуваат навики и го обликуваат својот карактер. Затоа одговорноста на родителите е голема, а среќата на Хана и Дарен е наш императив“, изјавила Тамара.

– Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам.

Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка. За нив јас сум Тамара – пријателката.

Не велам дека немаше коментари на одредени луѓе што навистина ме повредија, но како што кажав, цело ова искуство ме направи похрабра и ми помогна уште повеќе да верувам во себе“, изјавила таа за Еспресо во една прилика.

-Евровизија беше најубавото професионално искуство во мојот живот. Бескрајно сум благодарна и на МТВ и на целиот мој тим. Ние бевме навистина тим од соништата.

Уште од првиот ден бевме максимално посветени и верувавме дури и во невозможното. Гласовите од жирите и овациите од публиката беа само потврда дека нашата тимска работа се исплатеше“, додала Таамара.

Тамара направи чат со своите следнебници на Инста, и на сите им кажа да ја прашуваат оа што ги интересира за нејзиниот живот, и беше доста искрена во нејзините одговори.

На прашаето како е, Тамара рекла: добро, фала на прашањел. Измешани емоции, Хана и нејзините крајници, во исчекување на една многу убава работа, и така.

Потоа, ја прашале: Дали се уште имаш мисли скитници, и дали ѝ кажа довидување на тагата? Тамара на ова дала одговор: Ја запа-лив и си заминав.

Потоа следело прашањето: Најголем страв, а Тамара одговорила: Имам сериозен страв од висина- аерофобија.

Претходна статијаПознат бизнисмен кој бил 30 години постаp од Илда, за малку ќе му станел зет на Шабан Шаулиќ, еве зошто му раскинала
Следна статијаНовиот дечко на Данијела Маpтиновиќ, Јосип, има ќеpка од пpетходниот брак, еве што рече сега Данијела за неа