Сани и Никола ги снема од Инстраграм, си ги изгазија профилите и се повлекоа од јавноста

0

На пејачката Сани секоја вечер ѝ беше турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија. Сани е инаку мајка на две ќерки, Викторија и Ева.

-Од малечка знаев дека ќе бидам пејачка, отсекогаш пеев со парфеми кои ки служеа како микрофон.

Напроно е кога настапувам цела недела, напорно е, ама уживам во својата работа и не се жалам“, рече Сани во едно интервју.

– Имало многу непријатни ситуации за време на моите настапи, но знам како да се справам со нив бидејќи не сум од вчера во овој бизнис, туку веќе десет години сум, и многу добро знам што да направам.

Знаат да кажат ајде да излеземе, па колку пари бараш за една вечер, меѓутоа тоа е се љачко однесување.

Моментално немам ништо корегирано на себе, се е природно“, рече Сани во истото интервју.

Згоднатата кумановска пејачка Сани, порано Гроздановска, а сега Урдаревиќ, минатата година влезе во нова сериозна врска која кон почетокот на минатата есен резултираше со запросување.

Тогаш таа на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија со веренички прстен, на левата рака и напиша дека по трет пат кажала „ДА”…

Љубопитната јавност веднаш тргна да се интересира и истражува во кого тоа толку брзо Сани одново се заљубила, па сознанијата открија дека се работи на гастрбајтер со српско потекло по име Никола.

Тој живее и работи во Швајцарија, поточно е менаџер на генерален менаџер на еден термохотел со спа, лоцирани на швајцарските Алпи, пишува „Убавина и здравје“.

Радосната вест најпрвин сами ја објавија на социјалните мрежи каде се гледа дека пејачката сега го земала презимето на новиот сопруг, па Сани сега се презива Урдаревиќ.

Сани, откако со Никола организираше венчавка во Швајцарија, на почетокот од овој месец, сликите ги објави на својот Инста профил, а на нив е облечена во бело, и доста елегантна.

На сликите, со Сани се нејзините блиски и Никола и сите изгледаат доста среќни заедно. Претходно, Сани на стори, кога се венча со Никола на шега напиша дека нема веќе мрдање.

Згодната пејачка одамна нема ставено стори ниту објава од Македнија- сите ѝ се од швајцарските Алпи, како и последното стори кое го покажува ова убаво, сончево место.

-Имаше доста пишувања и шпекулации периодов, вистината е дека се омажив во Швајцарија.

Мојот избраник Никола Урдаревиќ е по потекло од Македонија, сега ја средуваме потребната документација и заедно со ќерките заминуваме кај него.

Но, она што сега може да се забележи е дека Сани откако се омажи и се прсели во Швајцарија послабо постираше на Инстаграм. На Фејсбук стои само нејзиниот официјален профил.

А сега, нејзиниот Инста профил го нема, а не може да се најде ниту оној на Никола, нејзиниот сопруг. Па така, може да се заклучи дека Сани и Никола ги снемало од јавноста, затоа што сакаат мирен живот.

Претходна статијаСе огласи синот на Еcма од Австрија, кажа од што живее таму и што најмногу го боли за Македонија
Следна статијаЕве како дечкото на Ведрана ја „тинтра“ нашата водителка- cе капе со цветови во екстра луксузен ресоpт