Перо Камиказа се пофали со своето богатство, еве кои највредни нешта ги поседува

0

Особена чест и задоволство, беше да се прими наградата од легендарниот Мики Јовановски -Џафер на овогодинешната “Буба Мара”.

Сликата говори самата се. До некое следно музичко шоу. Наздравје- Македонија вечна“, стои во една слика која познатиот музичар Петар Георгиевски- Камиказа ја сподели од него и од групата „Меморија“.

На оваа манифестација, „Меморија“ ја добила наградата за концерт на годината кој се одржал минатата година.

– На Буба Мара се започна, 2017 февруари со “Оган под Звездите“. Па концерт во 2017 во ноември со кој ја затворивме “Метрополис Арена“, преполна до последното место.

Во 2020, со легендата Дадо Топиќ заедно ја отсвиревме “Македонија“ на задоволство на многу илјадната публика, која пееше во еден глас со нас на таа Буба Мара.

Ланската година во Јуни концерт за историја во салата “Борис Трајковски“, за да во четврток добиеме награда за најдобар концерт.

Ќе свириме две песни со двајцата солисти, Ристо и Поце, па така ќе затвориме уште едно поглавје од поновата историја на бендот.

Ова е последен настап во овој состав на бендот, па ќе биде многу убаво да останете до крај на приредбата. Ранко вети дека се ќе заврши до 23. Да се збогуваме со песна, како што ни доликува“, стои во еден друг статус на Перо Камиказа.

Имаше и некои превирања на Фејсбук, разни коментари дали таа награда за концерт на годината треба да ја добијат ДНК или Меморија, а по тој повод Георгиевски на Фејсбук пренесе разговор помеѓу Панчо и уште еден негов познаник:

– Vladimir Blazev ДНК Deniz Dautoğlu Petar Georgievski – Kamikaza. Поздрав до двајцата пред се, гледам сте развиле фина дебата.

Дениз, Буба Мара е приватен настан и факт е дека не можеш да му замериш на бато Ранко бидејќи е негов настан и прави како што он мисли дека треба, тоест според негови убедувања.

Каде имало повеќе луѓе е најмалку битно според мене и како што кажа господинот Перо некаде во погорните коментари дека е најбитно да има настани во и така сиромашната МК сцена.

Мене/нас како бенд и индивидуи со Андреј никогаш не ни биле наградите битни иако е добро да имаш признание за сработеното нели, па така и овој пат би кажал следново:

Дај боже никогаш да не земеме награда од нигде, а концертите и настапите да ни бидат полни тоест преполни како овде на сликите кои си ги постирал.

Да, факт е верувам ќе се сложи и Перо дека имало доста повеќе луѓе кај нас но како што кажав погоре најмалце е тоа битно….

Побитно е да шириме љубаов, и музика, а наградите се бар според мене само нешто кое нема долго да се памти и ќе фаќа прашина на некои од домашните рафтови.

Имајте убав ден и двајцата и секое добро“, споделил Камиказа и потоа додал:

Еве го одговорот!!!За да не бидам погрешно сфатен.Бројката за само една песна , кажува се 6.100.000, и кусур(Дирлада)!!!И таа 2017 исто беше, ни се љутевте зошто не вие, туку ние добивме концерт на годината 2017!Ете зошто!!!

Сега отидовте уште понапред,во правење споредби,па и кампања терате. Ние само дела сме оставале и ќе оставаме!Имаме добиено преку 50 награди за се и сешто со Меморија, но никогаш ваков “ср ам“ не ни приредил никој.

Ниту баравме, ниту ни е требна награда.Ова е одолжување на Ранко за рекламата што ни ја даде за концертот и толку!!!Од сабајле правевте скрин шотови од нашиот концерт со предгрупата, за да не избл атите!

На вис Меморија која има близу 20 000 иљади фанови, ви го најавивме, подржавме и рекламиравме концертот максимално.Вие нашиот не?!

Во иднина остајте времето да говори за вас.На добар пат сте.Едени од ретките што знаете да си ја работите работата ко што треба,за што се радувам и ве подржувам во скоро секое мое интервју или Ф.Б. статус.

Затоа овие лоши п.р. обиди не ви личат!!!И да, концертот ви беше прекрасен.Кога се јави Ранко му викам:Дај им ја наградата на децава од ДНК, ним повеќе ќе им значи!!!

Ранко вика:Баце тоа не е твоја работа,ќе свирите или не?!И ?! да го одбијам,да си ја затворам вратата во најслушаното радио?!

Инаку песната “Дирлада“ има 6.100.000 и кусур прегледи, па не е песна на годината на ни една Буба Мара!Па што? Да се гледаме за убаво, и да не се добројуваме,колку сме толку сме, Македонци сме!!!Да живе Македонија“, напишал Перо.

Перо Камиказа на својот Фејбук профил објави една уникатна слика, која ја опиша со специјална приказна:

– Преку 50 музички награди за се и сешто во овие 40 години Меморија. Преку сто медаљи од маратони истрчани по целиот свет.

Повеќе извозени ФИМ релија со мотор низ цела Европа години наназад,преставувајќи ја Македонија во најдобро светло со Мото клубот “Букефал”.

За спортската историја како ”мал” можам фермани, дипломи да вадам од гимнастика, атлетика, кајак, џудо, борење, бокс, кик бокс, џиу џицу и така натака и така навака, ама кој да им каже Ивана?

Се сеќавате на таа песна, нели? П.С. А за актерската кариера во КПГТ и одиграни близу 600 престави во цел свет, друг пат.

А да, некоја ТВ серија, тв филмови, филмови одиграни без број исто во некоја друга пригода“, напиша Перо Камиказа на Фејсбук, и се сликаше со свпето богатство, сите свои медаљи, пехари и дипломи.

Претходна статијаОдлично се држи Панче Кочовски, и покрај загубата на сопругата Невена, тој е насмеан и среќен покрај своите ќерки Тања и Лидија (ФОТО)
Следна статијаЈордан Митев: Не се прави со сила убавина, кога нема љубов меѓу двајцата