Елена Ристеска, нашата позната пејачка која сега има свој бренд на козметика во последно време добива доста награди, а во една прилика за нов зборуваше во Слободен печат.
– Последниве години бев прогласена за “Најдобра пејачка од Македонија” во Софија, Бугарија, за “Најдобра пејачка од Македонија” во Хамбург, Германија, за “Дама на годината” во Врњачка бања, Србија.
Потоа “Личност на годината” помеѓу 7 најуспешни жени од регионот, во Сокобања, Србија, па “Претставник на македонската култура во светот” во Истанбул, Турција“, рекла Елена.
Таа беше одбрана како дел од главната комисија за избор на пејачи и песни на фестивалот “Наше море, наше скале” кој се одржа во јуни во 2022 година во Херцег Нови, Црна Гора, заедно со Ѓорѓе Давид и Данијел Алибабиќ.
-Желбата за создавање и креативноста уште од дете биле дел од мојот карактер.
Најпрво правев велосипеди од жица и секако накит, цртање слики за кои имам 30-тина признанија и први места, шиење и креирање на облеки за куклите и за себе, глума, фотографија, моделство, танцување и уште мал милион таленти кои ги поседував меѓутоа секогаш преовладуваше музичкиот талент.
Пеењето и пишувањето текстови и песни. Како и во секоја друга професија музиката си бараше максимална посветеност и фокус како моја прва љубов, па автоматски ги оставив сите други таленти на страна“, рекла Елена.
Минатата година прослави 20 години музичка кариера, а како вчера да беше кога „девојчето со чорапчињата“ во Универзална сала ја испеа „Она другото“.
Прва во нејзиниот живот денес е внуката Делфина, и вели дека моментот кога и таа ќе стане мајка е во Божји раце.
Елена е искрен и интересен соговорник за секоја тема. Сепак, дипломатски одговара на она што за неа се зборува – дека тајно се омажила, а интересен одговор дава и на прашањето: дали има партнер и дали е вљубена?
– За што и да станува збор, ако тајно се омажив, ќе ми видевте веројатно некој прстен на рака.
Благодарам за добрата идеја, она што е убаво велат подобро да го чуваш од завидливите“, рекла за Слпбоден печат Елена.
– Жалам само што немам повеќе албуми и концерти во изминативе 20 години, а за иднината имам многу неостварени соништа.
Допрва ќе ги остварам, досега речиси сите желби ми се оствариле, затоа што сум фокусирана на себе и својата работа, не се занимавам со туѓите приказни и кариери.
На приватен план да се вратам назад во минатото не би губела толку време со погрешни пријателства и партнерства.
Бидејќи не сум си ја слушала интуицијата затоа сум им дала шанса на некои луѓе да влезат во мојот живот. Од друга страна, да не биле тие искуства, немаше да си го намалам кругот на неколку најблиски луѓе што вредат.
Преферирам квалитет, а не квантитет“, кажала Елена за она што жали во својот живот, а не ѝ се има случено.
Елена на својот Фејсбук профил напиша емотивна објава за тоа кој ја вратил во живот: Во саботата во coffeelabmk штипската публика ме врати во живот.
Одамна не сум чула публиката да ги пее сите мои песни од почеток до крај во еден глас, два часа без престан и плус да бараат песни кои се постари и за кои мислев дека поновите генерации не ги знаат.
Неколку денови сум под импресии со огромен елан да продолжиме уште појако на следните настапи. Следна е Струмица clubindustrial_ оваа сабота на 18ти. Едвај чекам“, напишала Елена на Фејсбук.