Со својот вокал, харизматична појава, песните и скромноста, Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска важат за една од омилените фолк и поп пејачки кај публиката за сите времиња.
-Ние две сме исти, слични, но и различни. Можеби чудно звучи, но така е. Јас секогаш сум била помирна, попедантна за сѐ, а таа попалава во секој поглед.
Инаку јас сум постара 15 минути. Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење, хахаха.
Но, во душата и за ред други размислувања сме исти. Таа отсекогаш била вицкастата, а јас сериозната. Јас животот би го дала за неа без размислување, но длабоко знам дека и таа истото би го направила за мене.
Никогаш не сме се карале ниту пак сме имале потреба од тоа“, рече Росана за својата сестра близначка која живе во Австралија во една прилила
Клучот на успехот на Маријана и Росана е нивниот талент за добро пеење, интересноста како близначки, и прекрасните песни- евергрини напишани од рацете на еден од најдобрите, ако не и најдобар композитор, Тоде Новачевски.
За жал, Тоде Новачевски го напушти овој свет во февруари во 2022 година, по подолго бо-ледување, а со Маријана иако беа разведени беа пријатели до самиот крај.
Маријана Новачевска е доста активна на својот Фејсбук профил каде речиси секојдневно пишува статуси за тоа како се чувствува, а понекогаш се шегува, но објавува и емотивни објави.
Сите слики кои Маријана ги објавува на Фесјбук, се среќни, со позитивен дух и природни. Она што ја краси оваа дама е нејзината насмевка и она што како никогаш да не се менува во текот на годините.
Пред некое време, Маријана објави нова слика. Дотерана, нашминкана, со преубав ѓердан. За овој нејзин изглед коментираа многумина, а меѓу нив е секако и нејзината сестра Росана, која го пофали изгледот на сестра си.
– Душо моја, лепотице моја, икона моја“, нашиша Росана во еден коментар, а потоа продолжи и во друг: Душо моја. Маки, таги во животот, а ти секогаш насмеана. Ти се дивам, ти се поклонувам“, напишала Росана.
Маријана во коментар потоа раскажала една мала приказна, за тоа зошто изглед толку добро, од каде ѝ е ѓерднот, но открива и приказна за своето здравје, тоест кој ѝ помогнал да се исправи на нозе:
– Благодарам на сите. Бев во продавница и си купив фустан. Ланецот го позајмив од мојата срцка Татјана.
Вештите раце на нашиот масер Видан ми ја исправија кичмата за да можам да заиграм. Златните раце на ќерка ми Магдалена нафрлија индијански бои/ шминка на моето лице.
Роденденската прослава на нашиот колега Секо беше прекрасна и весела. Ресторанот Пиер 35 и нашата Џеки со беспрекорен дочек и вкусна храна ме воодушевија.
Насмевката е лично моја упатена до сите вас“, напиша Маријана во коментар.
Ќерката на Маријана се вика Магдалена (лево), а на сликата е со снаата Анастасија
Маријана на Фејсбук објави една интересна приказна која е поврзана со нејзината ќерка Магдалена, а приказната гласи вака:
– Синојќа спремав вечера за ќерка ми, а таа покрај мене и ми вели: “Мамо, еден ден јас ќе ти готвам, ќе се грижам и ќе ги плаќам сите твои сметки”.
Солзи ми дојдоа на очи од милина. Ќерка ми има само 27 години. Срце мамино. Едвај чекам децата да наполнат 50 години па И јас малку да почнам да живеам свој живот.
Инаку, ќерка ми зборува Македонски јазик, ама не знае да чита така да сега засега не сум во опасност“, напишала Маријана Новачевска на Фејсбук.