Бардот на српската народна музика Мирослав Илиќ, во далечната 1972 година ја започна својата блескава кариера, која од самиот старт почна да оди во нагорна линија.
Години подоцна, Мирослав Илиќ зад себе има многу евергрини како што се: “Nije život jedna zena”, “Još te nešto čini izuzetnom”, “Vino točim a vino ne pijem”, “Ova noć”..
Потоа “Jesen sedamdeset i neke”, “Lažu da vreme leči sve“, “Polomiću čaše od kristala”, ”Luckasta si ti”, “Božanstvena ženo”, “Voleo sam devojku iz grada”, “Pozdravi je pozdravi” и многу други.
Славеничкиот концерт на легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, со кој одбележува 50 години кариера ќе се одржи на 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“.
-Војн ичките денови во далечната 1977/78 година ги поминавте токму во Битола. Какви сеќавања имате на тој период од животот?
Дали се уште ги паметите некои од пријателите со кои заедно служевте в оен рок?“, го прашале Мирослав во едноп интервју за Музика24, а тој одговорил:
Прекрасни сеќавања, најубав период од мојот живот. Тие другарства кои ги стекнав овде во Битола, не сите, но многу ги чувам до ден денес.
Во контакт сум со еден другар од Кутина, Хрватска, друг од Босна и Херцеговина со кој исто одржуваме контакти.
И јас сум синко мој на залезот. Јас го подготвив сидрото, мојот брод се приближува до последното пристаниште.
Но се уште публиката не ми дава да го спуштам сидрото. Тоа сигурно ќе биде и јас во мојата глава немам проблем со тоа. Против Бог и природата не се може.
Но фала му на Господ што се уште можам да настапувам. Многу работи се променија во музиката. Мене ми е жал што не оставивме генерација која ќе се потпре на нас.
Ова што се прави со фолк музиката, не само во Србија, туку и Македонија и целиот Балкан, не е добро за за овие национални држави. Тоа не смее да се изгуби, тоа треба да се негува синко мој.
Темелот на тој национален фолк мора да се зачува“, рекол во ова интервју Илиќ кога настапувал во Битола минатата година, а потоа додал за своите колеги и за филмот „Тома“:
– Го познавав Тома и се дружев со него. Филмски е тоа добро направено, но изоставени се многу повеќе детали кои јас ги знам. Шабан и Лепа поминуваа повеќе време со него, а јас не толку“.
Гордана Илиќ, сопругата на Мирослав Илиќ, веќе половина век му е голема поддршка на пејачот, дури и во моментите кога се пишуваше дека ја изневерил и дека има вонбрачен син со друга жена, таа останала покрај него.
Двајцата заедно имаат две деца – синот Марко и ќерката Марија.
Меѓутоа, во општина „Палилула“, каде што живее парот, некои од нивните соседи не биле благонаклонети кога ги коментирале.
-Тој има променливо расположение, ако е весел, знаеш дека ќе застане и ќе поразговара, ќе се насмее и ќе се пошегува, ако е намуртен, подобро да не му се јавуваш.
Од друга страна, неговата сопруга е секогаш дрска, како таа да е ѕвезда, а не тој – изјави во една прилика за „Блиц“ еден нивни сосед.
„Не сакам да го сретнам ни него, ни неговата намќореста сопруга. Тој понекогаш и ќе се јави, а таа никогаш. Најчесто се мрачни, а лицата им се скаменети.
Моето мислење за нив е дека се некултурни, а другите нека мислат што сакаат – малку налутено ни изјави тогаш еден постар господин, сосед на пејачот.
Соседите тогаш истакнаа дека пејачот најмногу престојува во Палилула во текот на есента и зимата, а кога ќе се стопли одат во родното Мрчаевци.
На Инста профилот на групата Маестро е објавена слика од Мирослав Илиќ, на која се гледа дека тој во Скопје бил пречекан како цар.
Му свиреле во негова чест, кога бил гостин во емисијата Еден на еден, а ова е обајевно во повеќе сториња на Инста по што може да се каже дека Мирослав во Скопје бил пречекан како цар.